Македонската репрезентација во Дејвис-куп имаше среќа при ждрепката и ќе игра против Албанија и Малта во рамките на натпреварите од третата зона во Европа. Ако ги минат двата ривали од групата Д, Димитар Грабул, Томислав Јотовски и останатите наши репрезентативци веројатно ќе играат против Естонија или Турција во полуфиналето, што е клучно за пласман во повисок ранг.
Естонија и Турција се во групата Б и во меѓусебна пресметка ќе одлучат која од овие две селекции ќе игра против Македонија. Натпреварите се играат во Сегедин, Унгарија.
Победниците од полуфиналните мечеви ќе го визираат пасошот за настап во втората европска зона. Највисок дострел на македонската репрезентација е учеството во Првата евроафриканска зона, што е ранг веднаш до Светската група, а игравме цели 3 циклуси со реномирани селекции од калибарот на Финска, Словачка, Летонија, Холандија…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.