Македонскиот ракометен шампион и трет тим во Европа, ЖРК Вардар СЦБТ, официјално потпиша со две нови ракометарки. Како што беше најавено уште на почетокот на годината, Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ-Варлец во текот на вчерашниот ден ставија потпис со „црвено-црните“.
Двете ракометарки доаѓаат од Крим, кој реши да го намали буџетот и да ги ослободи од обврски најдобрите играчи.
Тоа го искорсти раководството на ЖРК Вардар и експресно ги договори услугите на фантастичните бекови на хрватската и словенечката репрезентација.
Пенезиќ стави потпис на едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година, додека Лазовиќ се обврза на верност на две години, односно до крајот на 2015/2016 сезона.
Се работи за ракометарки кои играат на бековските позиции. Лазовиќ е лев бек, додека Пенезиќ треба да ја покрие дефицитарната позиција на десен бек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.