| четврток, 6 декември 2018 |

Во продажба ограничена количина влезници за натпреварот Металург-Вардар

Металург почна со продажба на влезници за средбата со екипата на Вардар. Се работи за ограничено количество од 300 влезници, кои се продаваат на касата во салата „Автокоманда“. Цената на влезниците е 150 денари.

Натпреварот ќе се одигра во салата во „Авотокоманда“, која е матична сала на Металург.

Безбедносните причини и ограничениот капацитет од 800 места не овозможуваат поголема продажба.

Навивачите на Вардар ќе бидат присутни во салата во број кој претходно е договорен меѓу двата клуба, врз на база на реципроцитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top