Кандидатот за пратеник од ЛДП, Горан Милевски, ќе ја почитува одлуката донесена со консензус и во Извршниот одбор на партијата, и нема да го прифати пратеничкиот мандат. Бобан Јанкоски, пак, кој беше кандидат во ИЕ5, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека нема да го прифати мандатот.
Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП) синоќа донесе одлука за неприфаќање на пратеничките мандати од страна на избраните претставници на оваа партија кои беа дел од коалицијата предводена од СДСМ.
– Централниот одбор на Либерално-демократската партија, со само еден глас против и тројца воздржани, донесе одлука да не ги прифаќа освоените мандати за пратеници во Собранието на РМ на предвремените парламентарни избори 2014 година – се вели во соопштението од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.