Алијансата за Албанците бара Весел Мемеди да го предаде пратеничкиот мандат откако виде колку гласови собра на неодамнешните избори. Ова барање е поднесено од Алијансата за Албанците во Гостивар, но и од високите структури на оваа партија .
– Весел Мемеди нема достоинство да го задржи мандатот за пратеникот кој го освои благодарение на тоа што беше на нашата листа за пратеници на парламентарните избори. Со предавство што го направи на Алијанса за Албанците, тој веднаш мора да го предаде својот мандат и да продолжи по својот пат. Доказ за тоа дека тој нема поддршка и не ја ужива довербата на електоратот на Алијанса за Албанците беа неодамнешните локални избори, велат високи членови на Алијансата за Албанци.
Според нив, барањето за негово предавање на мандатот исто така било направено за време на кампањата на локалните избори, кога од штабот на Арбен Таравар било побарано веднаш да ја поднесе својата оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст