| четврток, 6 декември 2018 |

„ИГРА“ самостојна изложба на Росица Лазеска во Галерија 8 – Безистен

Друштвото на ликовни уметници на Македонија и Галерија 8 имаат чест да ве поканат на отворањето на изложбата на Росица Лазеска насловена „ИГРА“ која ќе се одржи на 08.05. (четврток) во 20.30 часот во Галерија 8 – Безистен.

Во делата на Росица Лазеска следиме експресивна, динамична ткаенина на линии кои се во меѓусебна комуникација со графичките знаци, форми и тонски решенија, а кои создаваат хармонично обликувани апстрактни композиции. Линијата, која е силна и лирична, моќна и нежна, динамична и смирена, апстрактна и наративна, го обликува овој ликовен свет со кој се карактеризира специфичниот ликовен израз на оваа уметница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top