| четврток, 6 декември 2018 |

И ЛДП не ги прифаќа мандатите

Либерал демократската партија вечерва донесе официјална одлука нејзините пратеници да не ги прифаќаат мандатите освоени на предвремените парламентарни избори на листите заедно со СДСМ .

Одлуката со еден глас против и три воздржани и ја потврди Централниот одбор на партијата.

ЛДП на изборите освои три пратенички места од заедничките листи со СДСМ. Претходно, СДСМ и НСДП објавија дека нема да ги прифатат мандатите, а сите кандидати на СДСМ денеска и на нотар се обврзуваа дека нема да ја прифатат пратеничката функција, во знак на протест и непризнавање на изборниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top