Тројца пратеници од листите на СДСМ кои беа избрани за пратеници на изборите на 27 април, преговараат за преминување во партијата на Стевчо Јакимовски, Граѓанската опција на Македонија – ГРОМ, која освои еден пратеник во изборната едицина еден, пренесува „Денешен“ повикувајќи се на партиски извори.
Откако минатата недела во јавноста се појавија гласини дека дел од пратениците на СДСМ преговарале со ГРОМ, информацијата денеска добива потврда од добро упатени извори од ГРОМ.
Имињата на тројцата пратеници засега се чуваат во тајност. Единствен кој знае и кој преговара со нив е Стевчо Јакимовски. Изворите велат дека откривањето на нивниот идентитет ќе значи дека тие ќе бидат изложени на силен и жесток притисок од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој одлучи да не ги признае изборните резултати, а партијата да ги врати мандатите.
Според изворите на порталот, понудата за соработка со ГРОМ доаѓала и од поранешни функционери на партијата од т.н. „бранковистичко крило“, но Јакимовски таквите подуди за разговори ги одбивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)


