| четврток, 6 декември 2018 |

АМС му го честиташе историскиот успех на Вардар СЦБТ

Агенцијата за млади и спорт (АМС) му го честиташе историскиот успех на македонскиот шампион Вардар СЦБТ, по повод освојувањето на 3. место во Лигата на шампионите.

– Ми претставува огромно задоволство од името на Агенцијата за млади и спорт и од мое лично име да ви го честитам освоеното трето место во Лигата на шампионите. Истовремено, му честитам и на стручниот тим, предводен од Индира Кастратовиќ, за големиот успех, со кој го испишаа името на Вардар во ракометната историја на Европа – истакнува директорот на АМС, Марјан Спасески.

– Во дебитантската сезона го остваривте најголемиот успех во својата клупска историја и уште еднаш потврдивте дека само со напорна работа, посветеност и љубов кон својот клуб, можат да се постигнат одлични резултати. Со вашата игра, покажавте дека не случајно сте дел од европскиот ракометен крем и повторно го етаблиравте ракометот како спорт број еден во Македонија – се вели во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top