Познатата колумбиска пејачка Шакира планира кратка пауза во кариерата за што подобро да се подготви за идните деловни предизвици.
Имено, познатата пејачка при гостувањето во телевизиската емисија „Entertainment Tonight“ изјави дека планира кратка пауза, бидејќи мора да му се посвети на својот син, но дека оваа пауза нема долго да трае и дека тоа се всушност подготовки за малиот Милан да може секаде да патува со неа.
– Се надевам дека наскоро ќе се навикне на честите патувања. Брзо се адаптира, и за сега сака да патува со авион, рече Шакира, која е свесна дека нема да и биде лесно. Пејачката призна дека сега повеќе мисли на иднината, а посебно на иднината на своето
дете.
-Сега е се поинаку, се е насочено на него, многу размислувам за иднината и за условите што тој ќе ги има кога ќе порасне. Би сакала да не ми остане син единец, туку да има многу браќа и сестри. Да не се занимавам со оваа професија, веќе повторно ќе бев бремена, рече пејачката, која додаде дека тоа би била нејзината специјална фудбалска екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се зборуваше дека се заедно: Надал снимен како танцува на концертот на омилената пејачка (Видео)
-
Се исплаши од затвор: Шакира плати огромна сума пари на шпанските власти
-
Шакира ќе оди во затвор – сокрила милиони евра во аферата „Рајски документи“
-
Шакира ја одложи турнеата до јуни: Состојбата е многу посериозна, нејзините гласни жици се уште крварат