| четврток, 6 декември 2018 |

Кој добива, а кој губи со бојктотот на Заев и Шекеринска?

gruevski-zaev-komisija09Со блокадата на пратеничките мандати на СДСМ во Собранието и со катастрофалните последици по меѓународниот имиџ на земјата најголеми добитници се двоецот Заев – Шекеринска.

Најмногу губи Македонија која што со најголемата опозициона партија надвор од институциите е лесен противник за Грција во обидот да ја убеди Меѓународната заедница дека сме земја која што не заслужува да стане членка на НАТО и ЕУ.

Многу ќе загубат и здравите сили во СДСМ кои што не можат да се справат со неспособноста на лидерот и неговата заменичка, а нема да можат да започнат ниту нормална процедура за избор на нов лидер неизвалкан од финансиски афери и неповрзан со гафови во кои се „јадат живи луѓе“ и се „пука на избори“.

Без пратеничка група во Собранието, во СДСМ не  е можна внатрешна демократска процедура во која најумниот- а не најмоќниот- владее со ставот на сите останати.

Со бојкотот не губат само Заев и Шекеринска. Заев ќе продолжи да ја води Струмица на истиот начин на кој што и досега работеше со доделување на тендери на своите блиски роднини и пријатели а Шекеринска, доколку не се обистинат информациите за заминување од земјава, ќе продолжи да зарабува по 5000 евра кирија месечно.

За разлика од првите двајца луѓе на партијата кои што немаат проблем со финансиите најголем дел од луѓето од пратеничките листи на СДСМ ќе останат со своите редовни месечни примања без можност да ја земаат пратеничката плата вредна и до 2000 евра и што е поважно од парите ќе ја немаат можноста од собраниското столче да ја кажат својата вистина и својот став за политичките прашања.

Што друго освен дека Заев и Шекеринска поради нивни лични причини  ја спроведуваат надворешната политика за Грција, е логичен одговор на прашањето зошто тие дури по вториот круг претседателски и предвремените избори молчеа за наводната изборна кражба на гласови.

Системската кражба на гласови, единството меѓу партиските идржавните ресурси, притисокот врз медиумите, уцените и притисокот врз граѓаните  за која што зборат , ако навистина постојат во тие рамки како што сега прикажуваат Заев и Шекеринска постоеле и пред два месеци. Зошто тогаш тие не проговорија за истиве теми? Зошто за тоа не проговорија кога без ниту една забелешка беа прифатени нивните забелешки за промена на изборниот законик. Чекаа да видат како ќе поминат на изборите или пак во позадина на одлуката за бојкот им нешто друго што може да се поврзе политички со кругови во Атина а за што историјата но и институциите можат да судат како за национално предавство.

Во најважните моменти за македонските евроатлански интеграции кога во Украина почнува војна, а НАТО членките бараат зацврстување на алијансата во Украина, Грузија, Македонија и Црна Гора, да ја претворите земјата во нестабилна зона во која катастрофално поразената опозиција свесно ги урива институциите е не само предавство туку и историска неправда кон граѓаните , пред се кон тие што гласаа за опозицијата.

Но, да мислеа двоецот Заев – Шекеринска на своите граѓани можеа да почекаат до НАТО самитот во септември, да видеа дали Македонија има шанси за членство без да го нарушат имиџот на земјата и без да ја ставаат Грција во добитна ситуација и потоа да бојкотираат и да ја тераат својата веќе видена политичка агенда на немоќ и деструкција.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top