Наместо од 9 до 17 часот со новата одлука на српската Влада министерствата и сите јавни агенции ќе работат од 7 и 30 до 15 и 30.
Ваквата одлука Владата ја правда со поефикасна организација на работното време во функција на граѓаните и согласно потребите и можностите на општеството.
Освен ова, Владата донела одлука дека во иднина право на постојано користење на службено возило од висока класа имаатсамо претседателот на Србија, претседателот на Парламентот, претседателот и потпретседателите на Влада, претседателот на Уставниот суд и претседателот на Врховниот касационен суд на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



