| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Бања Лука одлучи: Кафеаните ќе работат до 2 часот наутро

Угостителските објекти во иднина ќе може да работат до 2 часот наутро, одлучи градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојчиќ. Оваа одлука уште денес ќе се најде на дневниот ред на Општината, пренесуваат „Независне новине“.

Досега работното време на кафеаните и на рестораните беше до 23 часот, но целта на оваа одлука е Бања Лука, како најголем град во Република Српска, да заживее.

– Градот е мртов по 23 часот, што е глупаво, бидејќи има толку многу туристи што го посетуваат. Оваа одлука ни оди во прилог на сите – велат од Градската управа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top