По одлуката да се намали работното време на шест часа, работната седмица во Шведска траела 30 наместо 40 работни часа. Но, трошоците на тој начин на работа биле прескапи. Поради тоа се укинува одлуката за шестчасовното работно време.
Таков заклучок покажуваат прелиминираните резултати од експериментот кој бил спроведен во шведскиот град Гетеборг.
Поради скратеното работно време морале да бидат вработени дополнителни работници. Во еден дом за старци каде што имало 68 вработени медицински сестри, градот морал да вработеи уште 17 за да го покрие намалениот број на работни часови. За да им останат на работниците истите плати, биле потрошени дополнителни 1,25 милиони евра.
Истражувањето покажало дека вработените се чувстувале поздраво и така се намалил бројот на боледувања и посета на доктор. Но, без разлика на тоа, градот нема да го форсира овој план.
– Тоа е поврзано со зголемени трошоци. Прескапо е да се скрати работното време – вели Даниел Бернмар, локален левичарски политичар.
Тој додаде дека бил сакал да види повеќе студии кои ќе покажат како скратениот работен ден може да доведе до долгорочни добри работи за целокупното општество. Еден од аргумените е дека на тој начин ќе биде продолжен работниот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.