| четврток, 6 декември 2018 |

Осумчасовното работно време е погубно за организмот

Во текот на изминатите неколку години, повеќе студии се занимаваа со темата за осумчасовно работно време, за кое се покажало дека едноставно е модел кој не функционира. Имено, резултатите од сите тие студии покажале дека должината на работното време нема никаква врска со тоа колку работниците се ефикасни и продуктивни. Оттаму логично е да се запрашаме од каде потекнува идејата за осумчасовно работно време?

Кампањата била иницирана од социјалниот реформатор Роберт Овен во 1810-та година во време кога фабриките работеле 24 часа, а работниците често биле ангажирани од 10 до 15 часа. Тогаш Овен го измислил слоганот „Осум часа работа, осум часа за одмор, осум часа за спиење”, а во 1926-та година повеќе од еден век подоцна, компанијата Ford Motor станала првата која вовела времетраење на смените од осум часа и двојно ги зголемила платите на вработените.

Денес, осумчасовното работно време дефинитивно се смета за застарен концепт.

Имено, истражувачот на циклусите на спиење, Натаниел Клејтман, открил нешто кое се вика „основен циклус на одмор“ според кој нашите тела функционираат на одмор од деведесет минути во текот на ноќта меѓу длабокиот и лесен сон. Истиот циклус се случува и во текот на денот, односно нашата висока и ниска будност се менува во истиот тој период, поради што ни се потребни повеќе паузи за да бидеме продуктивни.

Докторот Тревис Бредернер ја предложува следната алтернатива: Идеалната врска помеѓу работата и одморот е 52 минути работа и 17 минути одмор. Според него, луѓето кои го одржувале ваквиот баланс, имале завидно ниво на фокусираност на работното место.

Во Шведска, пак, се експериментирало со работни смени од шест часа во дом за стари лица. Првите извештаи потврдиле дека медицинските сестри биле посреќни, имале повеќе енергија и биле попродуктивни. Штом се вратиле на старите термини, сестрите се пожалиле на замор и исцрпеност.

Новинарот, Овен Џонс, предложува да се работи четири дена во неделата, а неговиот колега од „Гардијан“ ја застапува идејата за четиричасовен работен ден.

Иако сè уште нема консензус за должината на смената, едно е сигурно – веќе никој не сака осумчасовно работно време.

извор: макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top