| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарски Ѓер е првиот финалист во Лигата на шампионите

На првиот фајнал-фор турнир во женска конкуренција во ракометната Лига на шампиони домаќинот Ѓер во првото полуфинале ја совлада екипата на Митлијанд со 29-26.
Ѓер фуриозно го започна мечот уште од првата минута и брзо поведе со пет разлика. Во еден момент во од првото полувреме имаше и седум гола предност (14-7). До полувремето гостинските од Данска успеаја да ја намалат предноста на пет разлика (16-11).
Во вториот дел Митјиланд започна фуриозно и со серија од три гола ја намали разлика на само два гола. Тогаш тренерот на Ѓер беше приморан да побара тајм-аут за да ги консолидира редовите. Тоа му успеа и со головите на Аморим и Булатовиќ повторно го контролираат резултатот и го носат тимот во првото финале од новиот начин на добивање на европскиот шампион во Лигата на шампионите.
Во второто полуфинале се среќаваат македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ и тимот на Будуќност од Подгорица. Натпреварот започнува во 17.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top