| четврток, 6 декември 2018 |

Како и што доликува за македонското дерби: Вардар – Металург 15-14 на полувреме

Во првиот натпревар од македонското дерби во ракомет меѓу вечните ривали Вардар и Металург кој е еден од двата меча кои одлучуваат за титулата во домашниот шампионат, во СЦ Борис Трајковски пред повеќе од шест илјади симпатизери на двата тима Вардар има минимална предност од 15 -14 на полувреме.
Како и во годините што се зад нас секој дуел меѓу скопските ривали започнувал со многу енергија и желба за победа. Тие се двата наши најдобри тима кои со успех настапуваат и во ракометната Лига на шампиони.
Ниту еден тим не успеа резултатски да се одлепи во првиот дел. Во еден момент Вардар имаше два гола предност со голот на Дибиров од пенал, но Металург не се предава и преку искусниот Ренато Вугринец кој е најдобар стрелец во Европа успева да се држи до резултатска неизвесност. Вугринец продолжува со успешната реализаторска способност. Тој во првите 30 минути постугна друи шест голови. Кај вардарци се истакнаа Дибиров со четири и Душебаев со три гола.
Натпреварот се игра во прекрасна атмосфера со коректно навивање и без никакви инциденти од двете навивачки групи.
На теренот истотака коректен однос на ракометарите без поголеми и потешки фаули кои би повредиле играч од противничкиот табор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top