Македонската поп-пејачка Андријана Јаневска на лична покана на организаторите на најголемиот онлајн музички натпревар „Euro Music Contest 2014“, се натпреварува со песната „Животот е убав“ (музика и аранжман Драган Гиновски-Гино, текст Андријана Јаневска).
Гласањето почна на 10. април, а завршува на полноќ на 10. мај. Јаневска уште од почетокот на гласањето е на првото место, што значи дека ако заврши како првопласирана, ќе ја претставува Македонија во големото финале кое се одржува на 30. јуни во Париз, Франција.
Финалето ќе го пренесуваат над 88 земји во светот.
– За жал, зад мене не стои ниту една продукциска куќа која би ме поддржала и немам огромно организирано гласачко тело за да бидам сигурна дека ќе завршам на првото место. За да го постигнам тоа, потребна ми е вашата поддршка. Гласањето трае уште 9 дена – вели Јаневска.
Може да се гласа секој ден по еднаш од еден ФБ профил на следниот линк:
http://euromusiccontest.com/andrijana-janevska
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%