| четврток, 6 декември 2018 |

Крадци „оперирале“ во Битола и Прилеп, направиле штета од 500 илјади денари

kradci

Две кражби се случиле вчера во Битола и во Прилеп, при што е направена штета од околу 500.000 денари, соопштува МВР.

Во Битола провалната кражба се случила во куќата на М.Д. (39) на улицата „Охридска“. Крадецот насилно ја отворил вратата, по што од куќата украл 250 евра, 9.000 денари и разновиден златен накит, причинувајќи материјална штета од околу 300.000 денари (4.880 евра).

Во Прилеп пак било провалено во стан на улицата „Кеј 4 Јули“. Сторителот ја обил вратата на станот на М.Б. (38) и по пребарувањето заминал со 2.400 евра и разновиден златен накит, причинувајќи вкупна штета од околу 200.000 денари (3. 250 евра).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top