| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца рудари загнаа, 30 се исчезнати во рудник во Колумбија

rudnikНајмалку тројца рудари загинале, а се стравува дека уште 30 се затрупани во уривање во рудник во западна Колумбија, соопштија денеска официјални претставници и спасувачките екипи.

– Успеавме да извлечеме три тела на погинати рудари – изјави шефот на пожарникарската екипа во колумбиската држава Каука.

Тој вели дека двајца рудари се извлечени и префрлени во болница. Речиси нема надеж за останатите триесетина рудари, од кои некои се затрупани на длабочина од 20 метри, објаснува претставник на рудникот.

Колумбија има повеќе од 14.000 рудници, од кои повеќе од половината работат без дозволи, како што е случајот со овој рудник.

 Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top