Градбата од првиот век во која се организирале борби на гладијаторите и јавни егзекуции е една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Римскиот Колосеум годишно го посетуваат повеќе од пет милиони луѓе.
Во непосредна близина на Колосеумот би требало да се ископа тунел со длабочина од 50 метри, за да се прошири постоечката станица на метрото на сегашната линија „Б“, така што во иднина би можеле да ја користат и патниците од линијата „Ц“. Градежните работи би чинеле неколку милијарди евра, а би траеле до 2020 година.
-Колосеумот е сериозно загрозен. Во моментов никој не може да гарантира дека темелите на оваа монументална грдба нема да попуштат поради обемните ископувања на неколку десетини метри оддалеченост, се вели во соопштението на „Наша Италија“.
-Не можеме да молчиме за ова, вели претседателот на Здружението и поранешен министер во Владата на Италија, но и Комесар на Европската унија, Карло Рипа ди Мена.
Тој подвлекува дека Здружението ќе бара судска забрана на работите за изградбата на станицата за метро, доколку тоа не го направи началникот на Националниот археолошки завод за заштита на спомениците во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што се случува вечерва во Рим (видео)
-
Негрижата на СДСМ за вистинското културно наследство дојде на виделина, се распаѓа куќата на Стале Попов
-
Валоризација на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново како културно наследство од посебно значење
-
Маргарита Плевнеш Петкоска, историчар на уметноста со археологија: Ја развиваме моториката, имагинативноста и креативноста на најмалите



