| четврток, 6 декември 2018 |

ЛДП сѐ уште без одлука за враќање на мандатите

roze topuzova

Либерално-демократската партија, која е дел од коалицијата предводена од СДСМ сѐ уште нема донесено одлука дали ќе ја поддржи одлуката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за неприфаќање на резултатите, односно за неприфаќање на пратеничките мандати.

Розе Топузова Каревска, која беше дел од последниот пратенички состав е трета во третата изборна единица. Таа не сакаше да коментира ништо пред партијата од која доажа да донесе официјален став.

-Вечерва ќе знаеме дали ќе ги прифатиме мандатите. ЛДП вечерва ќе донесе одлука по ова прашање – накратко ни изјави Топузова-Каревска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top