| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ: Едвај чекам да менувам пелени

Новак Ѓоковиќ изјави дека едвај чека да стане татко, да менува пелени и додаде дека тенисот веќе нема да му биде на прво место.

– Нема да ми пречи да останам буден преку целата ноќ. Гледам на тоа од позитивна страна, ќе бидам уморен, но тоа ќе ми даде нова енергија – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер истакна дека со бебето ќе почне ново поглавје во неговиот живот.

– Јелена ми ја даде најдобрата реченица „Бебето е извор на радост“. Многу сум среќен – рече Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top