| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Георгиевски изложува во „Матица ексклузив“

t.vladimirgeorgievski12

Салонот „Матица ексклузив“ продолжува со традицијата покрај промоции во нивниот салон да се одржуваат и изложби од реномирани македонски автори. Вечерва во 19 часот во салонот ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Владимир Георгиевски.
Изложбата ќе ја отвори писателот Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудио визуелни ументости Париз – Скопје -Њујорк.
Владимир Георгиевски спаѓа во редот на водечките имиња во македонското сликарство. Со својот специфичен ликовен израз побудува голем интерес кај љубителите на уметноста, а критиката неговите дела ги вреднува меѓу најзначајните остварувања во македонската ликовната уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top