Државната изборна комисија ги преброја сите гласови. По обработени 100 проценти од гласовите, состојбата со пратенички места останува непроменета.
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 481.615 гласа, што ѝ носи 61 пратеничко место. СДСМ освои 283.955 гласа, што, пак, ѝ носи 34 пратенички места. ДУИ освои 153.646 гласа или 19 пратенички места, ДПА 66.363 гласа или 7 пратенички места, ГРОМ 31.610 гласа што ѝ носат едно пратеничко место, а 17.783 гласа за НДП на оваа партија и носат едно пратеничко место.
Денеска во 19 часот завршува рокот за поднесување приговори во ДИК. Досега се поднесени два приговора од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.