| четврток, 6 декември 2018 |

Колку одвојуваат во ЕУ за затворениците

zatvor holandijaБугарија издвојува најмалку средства во ЕУ за издржување на затворениците, така што за еден затвореник дневно троши 3,12 евра, се наведува во извештајот за 2012 година на Советот на Европа.

Извештајот е изработен во соработка со Универзитетот за криминологија и кривично право во Лозана и е претставен денеска во Брисел.

Минималниот износ по затвореник во Европа е одреден на 3 евра. Најмногу средства по затвореник на дневно ниво во ЕУ троши Шведска – 621 евро, а во Европа на прво место е Сан Марино со 75 – евра трошоци на ден од затвореник.

Најголемо намалување на бројот на затвореници во ЕУ бележи Шпанија со 5,6 отсто, а најголем раст има Романија со 13,9 проценти.

Во Европа бројот на затвореници е најмногу зголемен во Босна и Херцеговина, Андора и Монако со над 20 отсто, а најголемо намалување има Азербејџан со 45,4 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top