По првите гласини дека причината за разводот на српскиот кошакар Марко Јариќ и бразилската манекенка Адријана Лима е неговото наводно неверство, срспките медиуми отвораат нови шпекулации.

Како нова причина за разводот се наведува фотосесијата која убавицата ја направила за еден магазин. Имено, Лима по раѓањето на второто дете, му ветила на својот сопруг дека нема да промовира сексапил, но не го одржала ветувањето, а Јариќ дознал кога фотографиите биле објавени во медиумите во Турција и во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


