| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ: Европа нема сретнато случај на непризнавање на резултатите

OBSE pres 02 (Custom)

ОБСЕ и Советот на Европа се загрижени и не ја прифаќаат одлуката на СДСМ за неприфаќање на изборните резултати

– Жалиме што главната опозициска партија реши да не ги признае резултатите. Ги повикуваме политичките лидери да работат заедички за да се обезбеди нормален почеток со работа на новоизбраната власт – беше посочено на денешната прес – конференција на ОБСЕ и на Советот на Европа, на која тие им честитаа на граѓаните на Македонија за вчерашните избори, кои се одржале во мирна и демократска атмофера.

Меѓународните претставници на прес-конференцијата констатираа дека во Европа немаат сретнато случај на непризнавање на резултатите.

– ОБСЕ е подготвено да им помогне на лидерите да се спречи демократското назадување – изјави Кристине Мутонен, специјална координаторка назначена да ја води краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.

Од ОБСЕ/ОДИХР констатираа дека атмосферата на изборниот ден била многу пријатна, дека демократијата е подобрена, но потребно е уште да се работи на нејзино подобрување.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top