Во една држава, власта се добива легално на избори. Ништо не може реално да влијае врз волјата на избирачот. Таму, зад избирачкиот параван секој е газда на сопствениот глас. Сѐ друго е манипулација!
Во Р. Македонија, по вчерашните парламентарни избори ни се случува своевиден феномен. Обид да не се признае легитиманта волја на гласачите, на граѓаните! Преку виртуелни обвинувања!
Туку што заврши гласањето на парламентарините избори (во 19 часот, на 27.04.2014 г.). Пребројувањето на избирачките гласови не беше ниту започнато, а лидерот на СДСМ Зоран Заев побрза да објави дека не го признава поразот (од каде знаеше дека ќе биде поразен?) и го најави своето долго негувано, посакувано нешто – формирање техничка влада! Стара неостварена желба, преку учество во т.н. техничка влада да дојдат на власт. Власт, која не е освоена легитимно на избори и по волја на народот!
Необјективното и некритичко однесување на некои македонски новинари, политичари, аналитичари, интелектуалци кон опопозицијата (во прв ред СДСМ), резултираше со погрешна перцепција и нереални очекувања на оваа партија – од изборите. (Доволно е да го споменеме “Рејтинг” на Ѓ.С). Кон ова придонесе и погрешната проценка за расположението и наклонетоста на граѓаните; тие не беа на нивна страна! Поради сето тоа, СДСМ имаше неосновано очекување – дека ќе победи! Својата лоша предизборна проценка, постизборно сакаат да ја компензираат со некоректно однесување (лишено од објективната, лична одговорност), втурнувајки ја државата во незаслужена политичка криза! Сите претходно споменати (личности кои учествуваат и во креирањето на јавното мислење во државата) добро знаат дека СДСМ нема шанси за победа во Македонија, додека не направи сериозни, коренити промени во својата партија. (Лидерство неоптеретено со негативности од минатото, чесно, искрено однесување и посветеност на државата). Знаат дека во меморијата на македонскиот граѓанин сеуште се присутни многуте погрешни потези на СДСМ од времето на своето владеење, некои од нив со кардинално значење за државата и народот! СДСМ вчера, ги загуби изборите. Но, почитувајки ја волјата на избирачите, во коректен политички манир, на победниците – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, треба да им ја честита победата. Треба да покаже демократски капацитет и ниво на голема политичка партија. Да почне да работи на себе, за следните регуларни избири да ги дочека подготвена, со понуди кои народот позитивно ќе ги процени.
И, за крај. Мораме да признаеме дека претходното искуство на граѓаните одлучува за победникот на изборите – претседателски, парламентарни или локални.
Претходното искуство на граѓаните, одлучи и на овие избори!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.