СДСМ во повеќе копии дистрибуирал до членовите на избирачките одбори бланко-документи за наводни изборни неправилности при спроведување на сценариото диктирано од партиското седиште.
Во бланко- пријавата членовите треба само да го внесат своето име и бројот на избирачко место, а пропустот е веќе „согледан“ од одговорните во СДСМ- „повеќе лица дојдени со неважечки лични карти на кои, и покрај укажувањата, некој им доволил да гласаат“.
Во овој документ јасно се гледа дека од СДСМ најмалку еден ден пред изборите знаеле какви неправилности може да се случуваат на изборниот ден, што само потврдува дека СДСМ се подготвувал за црно изборно сценарио, кое, сепак, заврши неуспешно.
Извор: Прес24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.