| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книга за Љубе Цветановски во Ресен

Во свечената сала на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен вечерва, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана стихозбирката „Сега знам“ од битолскиот поет Зоран Пејковски.

Книгата ја објави „Македонија презент“ и е посветена на неодамна починатиот поет, прозаист и телевизиски и филмски творец Љубе Цветановски. За книгата, покрај авторот, на присутните ќе им се обратат и Панде Манојлов, Христо Петрески и Петре Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top