| четврток, 6 декември 2018 |

Со многу нервоза го победивме аутсајдерот Чилe

Со многу нервоза, на крајот и стравувавме за победата против апсолутниот аутсајдер Чиле во стартниот меч за ракометната репрезентација на Македонија на СП во Шпанија. Славевме со 30-28, а сосема неочекувано  исходот беше неизвесен до самиот крај на мечот. Кирил Лазаров беше најефикасен во нашиот табор со 8 гола, два гола помалку даде Дејан Манасков, но немавме расположен ракометар и игравме под потребното ниво. Чиле пред стартот на Мундијалот според рејтингот се очекуваше да биде уверливо најслабиот противник во нашата група.

Шанса да оставиме подобар впечаток и да ги вратиме надежите дека сме кадарни за пласман во осминафиналето е утрешниот натпревар со Катар од 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top