| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски центар за култура и развој: Изборите мирни, фер и демократски

Претседателските и предвремените парламентарни избори беа мирни, фер и демократски, наведува Македонскиот центар за култура и развој во првичната оценка за изборите.

Pretsedatelski i predvremeni izbori 2 krug 2014 (9) (Custom)

Македонскиот центар за култура и развој во рамки на својот проект „Превенција за време на избори“, спроведе надзор на првиот круг од изборите, на периодот меѓу двата изборни круга, како и на вчерашниот изборен ден.

– Со овие избори, Република Македонија влегува во повисоко ниво на организација и спроведување избори, на идентичен начин како во развиените европски земји – смета Македонскиот центар за култура и развој.

Во тек на надзорот се посетени штабовите и раководствата на најрелевантните политички партии и е спроведена детална анкета за присуството на превенцијата во вкупниот изборен процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top