| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-НП им се заблагодари на 17.000 граѓани што гласаа за нив

ВМРО-Народна партија испрати соопштение до јавноста по парламентарните избори кои се одржаа вчера. Ви го пренесуваме нивното соопштение во целост:

Politika-slogani-81-vmro-np-logoВМРО Народна партија сака да се заблагодари на 17.000 граѓани кои, на вчерашните парламентарни избори имаа храброст што ни го дадоа својот глас.

Истовремено ВМРО НП сака да потенцира дека изборите беа крајно нефер и недемократски, одржани во „латиноамерикански“ амбиент на нерамноправна политичка борба.

Системот со притисоци, закани, уцени и поткуп, што со години наназад го промовира владејачката партија не дозволува реално пресликување на вољата на граѓаните на резултатите од изборите.

Прво,  комплетна блокада на опозицијата од страна на медиумите кои во речиси 90 отсто се под контрола на владејачката партија и се претворени во нивен информативен билтен.

Второ, притисоци и закани кон вработените во администрација и сите останати на кои им се ветува вработување во државните органи. Исто така и уцени кон сопствениците на приватните фирми, нивните вработени да се стават во функција на власта.

Трето, очигледен пример на фантомски гласачи, со мултуплицирани лични документи и увезување на гласачи кои организирано се развезуваат да гласаат.

Четврто, поткуп на гласачите со по 500, 1.000 или повеќе денари за глас.

Петто, од избори на избори нелогично се зголемува процентот на неважечки ливчиња, со што директно се елиминираат помалите политички партии, на кои им фалат мал број на гласови за влез во парламентот.

ВМРО Народна партија смета дека ваквото спроведување на нерегуларни избори ќе дадат лоша слика за Македонија и директно го доведува во прашање евроатланскиот пат на државата.

Ние веќе подолго време се залагаме Македонија да се приклучи веднаш кон ЕУ и НАТО. Токму затоа мотото на нашата кампања беше „Европа сега‘‘, затоа што на Македонија тоа и е повеќе од потребно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top