Чедомир Саздовски е првиот пратеник од новоформираната ГРОМ што влегува во Собрание. Иако постои само неколку месеци, партијата на Стевче Јакимовски успеја да добие пратеничко место. Освои 31.610 гласа, најмногу од помалите партии. По нив следува ВМРО-Народна со 16.722 гласа.
Шеесети едногодишниот Саздовски е доктор на науки по кинезиологија, кој својата научна и професорска дејност ја остварува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Имал и многу ангажмани во спортски клубови во Македонија. До неодамна беше независен советник во Советот на Општина Кисела Вода, а потоа таму ги застапуваше ставовите и визиите на ГРОМ. Тој е еден од основачите на Граѓанска опција за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.