
Десетина-петнаесет луѓе во СДСМ кои ја креираат политиката во партијата, која не произлегува од идеолошко-филозофски темели со платформа и програма , туку е зададена агенда за етапно растурање на Република Македонија. Кога ќе го разбереме тоа? Знам дека ви звучи ужасно, меѓутоа тоа е… Етапно се разградува. Ова обраќање на Заев е жив цинизам. Ваква закана дека сите опции се отворени ви кажува и нешто друго. Дека уште порадикално се спремни да играат, а они немаат таква храброст ниту текнувало сами да се охрабрат. Ова некој ги буцка. Мене ми текнува дека можат да направат свињарија, ќе ми простите на изразот, во тие четири – пет општини кај што се да се отцепат, рече новинарката и аналитичарка Мирка Велиновска во дебатната емисија на „Канал 5“ во која ја коментираше одлуката на СДСМ да не ги признае резултатите од изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


