| четврток, 6 декември 2018 |

Странските медиуми ја објавија победата на Груевски

izbori-5

Српската радио-телевизија пренесува дека ВМРО-ДПМНЕ прогласила двојна победа, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја обвинил власта за масовно купување гласови.

Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ прогласија победа, води коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски победи на предвремените избори во Македонија, се дел од насловите во странските медиуми за изборите во земјава. „Ројтерс“ објавува дека македонските конзервативци прогласиле победа на парламентарните и претседателските избори.

Српската радио-телевизија пренесува дека ВМРО-ДПМНЕ прогласила двојна победа, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја обвинил власта за масовно купување гласови со помош на полицијата и побарал техничка влада да организира нови избори. Црногорските „Вјести“ наведува дека опозицијата не ги признава резултатите.

Извор: Телеграф

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top