Во исчекување на изборните резултати, да се потсетиме на последните парламентарни избори во 2011 година кога Црвенковски избегна соочување со Никола Груевски и реши да биде знаменосец. Неговиот СДСМ ги загуби изборите со 69.500 гласа помалку од тие што ги освои партијата на Груевски. Во првата изборна единица, на соочување со Груевски, повторно ја пушти Шекеринска. Во „двојка“ се соочија Гордана Јанкуловска и Ана Павловска-Данева, во „тројка“ судирот беше меѓу Влатко Ѓорчев и Стевче Јакимовски, а во „тројка“ повторно имаше дуел Зоран Ставревски и Зоран Заев. И овој судир заврши во корист на Ставрески. Во петтата изборна единица силите ги измерија Антонио Милошоски и Јани Макрадули, а во шестата на Никола Тодоров му се спротивстави Стојко Пауновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


