| четврток, 6 декември 2018 |

Куба лидер во учење

Куба е лидер кога е во прашање земјите кои најмногу вложуваат во образованието. И покрај тоа што оваа земја е  оптоварена со финансиски и економски санкции со дури 12,9 отсто од БДП за образованието е првата земја во светот. Многумина сметаа дека лидери се скандинавските земји и Нов Зеланд. Но тие изделуваат околу 7 отсто од БДП, пренесува Бизнис.хр.

– Ова е доказ дека оваа влада е одговорна и дека и е приоритет бесплатното образование кога го донесува буџетот, изјавил кубанскиот министер за образование Родолфо Аларкон Ортиз.

И покрај американската блокада којашто трае повеќе од половина век квалитетот на кубанскиот образовен систем се уште не можат да го достигнат многу побогати држави. Образованието во Куба е бесплатно и младите не го плаќаат и со живот како во некои развиени земји.

Во 1959 година Куба имала само три јавни универзитети на кои се запишувале околу 15.000 студенти, а работеле едвај 1000 професори. Денес на Куба професоруваат околу 77.000 професори на 67 научни, технолошки и хуманистички универзитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top