| четврток, 6 декември 2018 |

Во Центар Жупа до 19 часот одѕивот повисок од 30 проценти

Во општина Центар Жупа, која припаѓа на петатта избoрна единица, гласањето заврши во 19 часот, а изборниот процес мина мирно и без проблеми.

– Во општина Центар Жупа се гласаше на 16 избирачки места, а во единствениот избирачки список беа запишани 6.066 лица со право на глас. Одѕивот на гласачите до 19 часот е преку 30 отсто – потврди Шефко Јусуф, претседателот на општинската изборна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top