| четврток, 6 декември 2018 |

Затвор за плишани мечиња

mecinja belorusijaБелорускиот Врховен суд осудил граничар на две години затвор поради тоа што не пријавил илегален влез на мал шведски авион од којшто лани летото биле исфрлани плишани мечиња со пораки за поддршка на борбата за човекови права во Белорусија.

Во јули минатата година од мал авион, со којшто управувале двајца службеници од една шведска маркетиншка агенција, на белоруска територија биле исфрлени неколку стотини плишани мечиња со падобрани и пораки за поддршка на борбата за човекови права во Белорусија.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, издал наредба за смена на неколку високи воени службеници, а полицијата го уапсила и новинарот кој ја објавил веста за таа акција. Белоруските власти објавиле дека„десантот на мечиња“ бил лага, дека не се ни случил, а дека сликите објавени на интернет се “визуелен фалсифика“.

Шведската фирма за односи со јавноста, пак, објавила дека фрлила 100 плишани мечиња од авион кој нелегално влегол во белорускиот воздушен простор и на Јутјуб објавила немонтирана снимка за да докаже дека навистина спровела акција за поддршка на слободата на говорот во Белорусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top