Српскиот кошаркар и сопруг на Адријана Лима, Марко Јариќ, во Белград пристигнал во петокот, а само неколку часа подоцна се фрлил на журка и лумпување во тамошните клубови.
Додека сите медиуми низ светот пишуваат за неговиот развод со бразилската манекенка и мајка на неговите две деца, кошаркарот се забавувал до зори.
– Марко со пријателите дојде во клубот во близина на железничката станица и веднаш излезе да разговара на телефон. Разговараше дваесетина минути, а потоа набрзина отиде во друг дел на клубот и остана таму до раните утрински часови – изјави очевидец за српски „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.