| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на плус 2 против Чиле на полувремето

Македонија води со 12-10 против аутсајдерот Чиле, на полувремето од премиерниот натпревар за нас, на светското ракометно првенство во Шпанија.

Неочекувано јужноамериканската селекција не намачи во првите 30 минути вои Севилја, но сепак Македонија со предност од 2 гола разлика замина на полувремето. Немавме решение во одбраната за Салинас и Ервин Фојштман, а Чиле дури и имаше предност од 3 гола, 8-5 во средината на првиот дел. Сепак се консолидиравме и со предност го почнуваме продолжението од натпреварот. Многу забуна внесе и проблемот со семафорот во „Мунисипал де Депортес Сан Пабло“. Се доцнеше со резултатот, па многу од сајтовите што во живо ги следат натпреварите, објавија различни исходи од полувремето на дуелот меѓу Македонија и Чиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top