Албанците во Македонија ги бојкотираат претседателските избори. Во општините каде што доминира албанско население евидентна е разликата во излезноста на гласачите за парламентарнте и за претседателските избори. Драстична е разликата во Липково, каде до 13 часот за парламентарните избори излегле 23,74%, а за претседателските 2,39%.
Во Арачиново за парламентарните избори излегле 26,37%, а за претседателските 8,45%. Во Чаир за парламентарните избори излегле 20,97%, а за претседателските 10,85%. за парламентарните избори излегле 23,74%, а за претседателските 2,39%. ВБ Сарај за парламентарните избори излегле 28,53%, а за претседателските 11,26%. Во Студеничани за парламентарните избори излегле 24,11%, а за претседателските 12,21%. Во Боговиње за парламентарните избори излегле 23,74%, а за претседателските 5,58%. Во Врапчиште за парламентарните избори излегле 19,95%, а за претседателските 9,19%. Во Гостивар за парламентарните избори излегле 23,3%, а за претседателските 13,32%. Во Дебар за парламентарните избори излегле 19,9%, а за претседателските 10,10%. Во Тетово за парламентарните избори излегле 22,33%, а за претседателските 14,01%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.