| четврток, 6 декември 2018 |

Проруски активисти го зазедоа регионалниот телевизиски центар во Донецк

rusija doneck6

Над зградата на регионалниот телевизиски центар во Донецк проруски активисти поставија знаме на самопрогласената Донецка народна република.

Пред зградата на регионалниот телевизиски центар во Донецк се одржува протест со барање за објективно известување за настаните во југоисточниот дел на Украина.

Дел од западните медиуми јавија дека четворица маскирани активисти со палки и штитови стојат пред влезот во телевизијата ио контролираат кој ќе влезе, а внатре има лица со маскирна облека.

Прорускиот митинг почна на плоштадот „Ленин“ во центарот на градот, при што се собраа околу 3.000 лица. Тие бараат распишување на референдум за федерализација на Украина. Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Не за крвавата киевска Хунта!“ и „Прекинете ја окупацијата на Донбас“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top