Мисијата на ОБСЕ во Украина соопшти денеска дека во Доњецк биле уништени четири нивни блиндирани возила во очигледно намерно подметнат пожар.
Се уште не е јасно кој ги запалил возилата кои биле паркирани пред хотел во кој се сместени набљудувачи на ОБСЕ.
Мисијата која е во Источна Украина од март лани, врши набљудување на судирите меѓу украинската армија и проруските сили. На Твитер објавија дека немаат намера да се повлечат по инцидентот во Доњецк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.