Властите на самопрогласената Доњецка република соопштија дека 328 рудари се заробени во рудникот Александар Засјадко откако по гранатирањето дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Дел од рударите се извлечени на површината. Првично беше соопштено дека во рудникот се заробени 576 рудари, пренесува Танјуг.
Претставникот на доњецките власти Едвард Басурин истакна дека поради гранитирањето оштетени се две трафостаници, поради што е прекинато снабдувањето со електрична енергија и со вода во Доњецк.
Болнички извори изјавија дека по бомбардирањето на градот 60 лица се хоспитализирани.
Властите на самопрогласената Луганска република денеска побараа од претставниците на ОБСЕ да влијаат врз властите во Киев за нормализација на водоснабдувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.