
До десет часот во Прилеп одзивот на гласачите е над 15 отсто од избирачите кои имаат право на глас за вториот круг претседателиски избори и предвремените парламентарни избори кои денеска се во тек.
Изборниот процес го набљудуваат претставници од ОБСЕ кои се распоредени на поголемите избирачки места. Во фер, мирна и демократска атмосфера се одвива гласањето во Прилеп, а според избирачкиот список за избор на претседател право на глас имаат 64.567 гласачи, а за избор на пратеници 64.316 граѓани.
Мирно и непречено е и гласањето во Кривогаштани, Долнени и Крушево. Во Кривогаштани до 10 часот одѕивот е 11,5 отсто на 13 избирачки места, во Долнени 3,2 отсто и се гласа на 40 избирачки места, а во Крушево на 23 гласачки места до 10 часот излегле 13,5 отсто од запишаните избирачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


