
До 10 часот на 37-те избирачки места во Гевгелиско гласале 2.281 лице што е 11,7 отсто од евидентираните 19.509 гласачи за претседателските и 19.486 гласачи за вонредните парламентарни избори.
Според претседателот на Општинската изборна комисија Ѓорѓи Чавдаров, гласањето се одвива во мирна, демократска атмосфера, без какви било нерегуларности.
Во општина Дојран излезеноста до 10 часот е 11,6 отсто. На 8-те избирачки места од евидентираните 2.776 лица правото на глас во вториот круг од претседателските избори го оствариле 322, а на вонредните парламентарни 323.
Во општина Богданци процентот на излезеност до 10 часот е 12 отсто. На 12 избирачки места гласале 842 лица за претседателските и вонредните парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Сара Мејс стана непосакуван гостин кај угостителите во Дојран (галерија)
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Силен земјотрес почувствуван во Дојран


