Точно во 7 часот се отворени сите 142 избирачки места во Прилеп, информира Општинската изборна комисија. Правото на глас за избор на претседател денеска го остваруваат 64.567, а за избор на пратеници се запишани 64.316 избирачи.
– Изборниот процес тече мирно и непречено. Голема е одговорноста на избирачките одбори бидејќи се двојни избори, но ние сме тука како комисија да го следиме целосно процесот – изјави Елена Чагороска, претседател на ОИК во Прилеп.
Мирно, навремено и непречено почна изборниот процес и во општина Кривогаштани, каде на 13 избирачки места своето право на глас за претседател го остваруваат 4.743, а за пратеници 4.723 гласачи.
Во Долнени денеска на 40 избирачки места гласаат 11.037 за избор на претседател, а за пратеници 10.967 жители со право на глас.
И според изборната комисија во Крушево, гласањето почна навреме. Таму се гласа на 23 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.